На 27.01.2023 од 12.00 до 16.00 часот, на подрачјето на СВР Охрид, реализирани се засилени сообраќајни контроли.

При контролите, полициските службеници затекнале 30 возачи на моторни возила кои извршиле престигнување на непрегледни места, спротивно на сообраќајниот знак на коловозот. Од нив 15 во Охрид, 6 во Струга, 4 во Кичево и 5 во Дебар-05, велат од МВР.

Против возачите, додаваат дека се поднесени соодветни платни налози.

OhridNews