Генералното собрание на ОН во 2007 година донесе одлука за прогласување на 15- ти септември за Меѓународен ден на демократијата, повикувајќи ги сите членки, владини и невладини организации да го одбележуваат овој ден како ден на борбата за остварување на демократските идеали.
За прв пат во историјата Денот на демократијата беше одбележан во 2008 година, кога во седиштето на ОН се одржа церемонија на која зборуваа генералниот секретар Бан Ки Мун, представникот на Катар, земјата која беше главен предлагач на резолуцијата за прогласување на Меѓународниот ден на демократијата.