Во текот на изминатиот викенд на подрачјето на Охрид, регистрирани се 5 кривични дела ,,Кражба“ 5 КД ,,Оштетување“ и по едно кривично дело ,,Затајување“ и „Семејно насилство“. Јавниот ред и мир е нарушен во 6 случаи а евидентирани се 15 сообраќајни незгоди во кои е предизвикана помала материјална штета. Причини за случените незгоди се управување под дејство на алкохол и со неприлагодена брзина, недржење на страна и правец на движење, неотстапување на првенство на минување , неправилно поминување на коловозот и сл.
На подрачјето на Полициската станица – Струга, регистрирани се едно кривично дело ,,Тешка кражба ,, и едно нарушување на Јавниот ред мир. Во истиот период регистрирани се три сообраќајни незгоди со предизвикана материјална штета.
Ohridnews