Во последните 24 часа се направени 1356 тестирања, а регистрирани се 102 нови случаи на ковид-19, од кои 3 во Охрид. Најмногу нови случаи има во Скопје 39, по што следуваат: Куманово 11, Штип 13, Прилеп 3, Тетово 2, Струга 2, Битола 6, Кавадарци 3, Гостивар 8, Радовиш 1, Кочани 1, Демир Хисар 1, Македонски Брод 1, Виница 1, Свети Николе 3, Кичево 4.

Починати се 5 лица, пациент од Скопје, пациент од Кичево, пациент од Куманово, пациент од Прилеп и пациент од Штип.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 99 оздравени пациенти од кои 15 од Охрид и 17 од Струга.

Досега во земјата се направени вкупно 97550 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10315, бројката на оздравени пациенти е 5663, на починати е 471, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4181.

Г.М.