Во период од 26 септември до 02 октомври Центарот за јавно здравје Охрид изработил 99 тестови за присуство на Ковид 19, во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, кои се анализирани се во лабораториите на Институтот за јавно здравје Скопје.

Од вкупно земените материјали, лабораториски е дијагностицирано присуство на Ковид 19 кај вкупно 36 лица и тоа кај 15 лица од општина Охрид, кај 16 лица од општина Струга и кај 5 лица од општина Дебар. Во овој период оздравени се 25 лице од Охрид, 38 лица од Струга и 13 лицa од Дебар, а починати се 2 лица од општина Струга. Активни случаи во Охрид се 35, во Струга 45, а во Дебар 32. – информира Центарот за јавно здравје Охрид.

Актуелна состојба со Ковид 19 во регионот

Од почетокот на епидемијата до 2 октомври лабораториски е дијагностицирано присуство на Ковид 19 кај вкупно 1395 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 432 лица во општина Охрид и Дебрца, 676 лице во општина Струга и Вевчани и 287 лица во општина Дебар и Центар Жупа. Оздравени пациенти од Охрид се 377, од Струга 570, а од Дебар и Центар Жупа 276 пациенти. Во општина Охрид и Дебарца има 20 починати пациенти, во Струга се починати 61, а во Дебар и Центар Жупа се починати 15 лица.

OhridNews