Во последните 24 часа од направени 3.425 тестирања регистрирани се 336 нови случаи на Ковид-19, починале 17 лица, од кои половината се од Скопје и Куманово и оздравеле 222 пациенти, информираат од Министерството за здравство, повикувајќи се на податоци од Институтот за јавно здравје.

Од новите 336 случаи од Скопје се 169, Велес и Струмица – по 21, Куманово – 17, Охрид и Кавадарци – по 15, Битола – 14, Штип – 13, Кочани – 11, Свети Николе – 10, Прилеп – 6, Тетово – 4, Кичево, Гевгелија и Крива Паланка – по 3, Виница, Кратово и Македонски Брод – по 2, Струга, Радовиш, Дебар, Берово и Демир Хисар – по 1.

Од 17-те починати лица, по пет се од Скопје (85г, 81г, 67г, 59г и 56г) и Куманово (82г, 72г, 70г, 67г и 57г), две починати лица од Охрид (89г и 38г) и по едно починато лице од Штип (68г), Велес (88г), Ресен (74г), Радовиш (79г) и Валандово (81г).

Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не се пријавени починати лица.

Во Охрид има вкупно 515 активни случаи

 

 

OhridNews