Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.674 тестирања, а регистрирани се 410 нови случаи на Ковид-19, 10 починати и 290 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Од 410 новозаболени, во Скопје се 185, Битола – 31, Прилеп – 22, Охрид и Струмица – по 15, Велес, Кавадарци и Штип – по 14, Куманово – 13, Тетово и Кочани – по 10, Делчево – 8, Крива Паланка и Пробиштип – по 6, Радовиш, Валандово и Демир Хисар – по 5, Берово, Кратово и Крушево – по 4, Неготино – 3, Гевгелија, Свети Николе, Ресен, Виница, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2, Гостивар, Струга, Богданци, Пехчево и Дојран – по 1.
Од 290 оздравени пациенти од Охрид се 9. Во моментов активни се 289 случаи.
Од десетте починати лица шест се од Скопје (62г, 69г, 70г, 75г, 80г и 94г), и по едно починато лице од Прилеп (88), Охрид (58г), Велес (57г), и Тетово (50г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“, пријавено е едно починато лице со датум на смрт од 27.11.2021. Починатото лице е од Гостивар, на возраст од 68г, невакцинирано и починато во болнички услови.
OhridNews