Во последните 24 часа Направени се 2.939 тестирања, а регистрирани се 442 нови случаи на КОВИД-19. 168 од случаите се во Скопје,  Битола – 41, Прилеп – 31, Кавадарци – 24, Охрид – 15, Куманово, Велес, Штип, Струмица и Кочани – по 13, Делчево – 11, Ресен и Валандово – по 10, Демир Хисар – 9, Неготино и Берово – по 8, Гевгелија, Свети Николе, Крива Паланка и Радовиш – по 7, Тетово – 3, Македонска Каменица – 2, Гостивар, Кичево, Струга, Виница, Пробиштип, Кратово, Богданци, Македонски Брод и Пехчево – по 1 пациент.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 5 починати лица: 2 починати лица од Скопје (57г, 78г) и по едно починато лице од Делчево (83г), Кочани (77г) и Крива Паланка (84г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 5 починати лица со датум на смрт од 11.11.2021 до 22.11.2021. Регистрирани се починати лица од Охрид (1), Делчево (1), Македонска Каменица (1), Тетово (1) и Кочани (1). Починатите лица се на возраст од 65-86г, од кои едно лице е починато во домашни услови, а 4 лица во болнички услови.

Регистрирани сe 373 оздравени пациенти од нив 11 од Охрид.  Досега во земјата се направени вкупно 1.456.023 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 213.307, бројот на оздравени пациенти е 197.493, на починати е 7.474, а бројот на активни случаи изнесува 8.339.

OhridNews