Во последните 24 часа, регистрирани се 342 нови случаи на Ковид-19 од направени 2.349 тестирања, пријавени се седум починати лица и 348 оздравени пациенти, информира Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Од 324 нови случаи, од Скопје се 135, Битола – 35, Велес – 17, Прилеп, Кавадарци и Берово – 16, Охрид – 15, Куманово – 13, Струмица – 10, Штип – 9, Кочани и Гевгелија – по 8, Свети Николе и Ресен – по 6, Радовиш и Валандово – по 5, Делчево – 4, Гостивар, Кичево, Неготино, Крива Паланка, Пробиштип и Кратово – по 2, Тетово, Струга, Виница, Демир Хисар, Демир Капија и Дојран – по 1.

Од регистрираните 348 оздравени пациенти од Охрид се 2.

Од седумте починати лица 3 починати лица од Скопје (67г, 74г и 79г) и по 2 починати лица од Битола (65г и 87г) и Охрид (65г и 77г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

OhridNews