За подобрување на квалитетот на воздухот, Македонија во изминатите неколку години во кои се спроведува твининг програмата доби техничка помош од 15 мониторинг станици за мерење на квалитетот на воздухот во повеќе градови. Податоците од мерењата служат за изработка на стратешки документи за подобрување на квалитетот на воздухот, истакна државниот секретар Дејан Паноски на работилницата во Охрид со која заврши првиот твининг за подобрување на квалитетот на воздух во Македонија.


15 мониторинг станици ќе го контролираат квалитетот на воздух во Македонија

Твининг проектот е највисока форма на соработка помеѓу земја кандидат за членство и ЕУ. Твинингот за подобрување на квалитетот на воздухот во Македонија заеднички го реализираа Министерството за животна средина и експерти од Финска и Австрија.

Со твининг програмата Македонија ја подобри легистлативата со што се создадени услови за подобрување на квалитетот на воздухот, кој освен во некои индустриски зони генерално е на добро ниво, информираше државниот секретар Паноски.

Ohridnews