Петнаесет годишниот Бобан Терзиоски,  синоќа почина во Клиничкиот центар во Скопје, најверојатно од вирус кој го напаѓа срцевиот мускул.

Откако неколку дена со симптоми на грип бил лекуван  во повеќе здравствени установи во Струга, Бобан пред два дена бил примен во општата болница во Струга со висока температура. Поради тоа што немало место на педијатрија бил упатен во интерното одделение. Откако примил инфузија родителите го однеле дома, по што следниот ден Бобан во многу лоша состојба одново бил донесен на интерното одделение во струшката болница. Дежурниот лекар Мира Костојчиноска по извршените прегледи, ехо  и ЕКГ, констатирала срцева слабост по што тој  во придружба на лекар итно бил упатен во Клиничкиот центар во Скопје во оделот за кардиологија, каде синоќа околу 21 ч. починал.

Дали  Бобан можеби имал вродена срцева не може да се каже велат во струшката болница. Директорот д-р Фарук Сарачи ни изјави дека детето било примено со висока температура, но не е исклучено тоа да починало од вироза или од некое друго срцево заболување.


д-р Фарук Сарачи

Лекарито од скопската клиника сметаат дека причина за смртта на Бобан е тешко респираторно воспаление. Родителите на Бобан Терзиоски не дозволиле обдукција без што точно не можат да се утврдат причините за смртта.

Петнаесет годишниот Бобан Терзиоски, кој синоќа почина во Клиничкиот центар во Скопје, веќе десет години живеел во Италија со родителите кои по потекло се од струшкото село Јабланица. Во Струга Терзиоски дошле неодамна за да ги поминат новогодишните и Божикните празници во родниот крај.