Денеска се навршуваат 15 години од смртта на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, кој загина на 26-ти февруари 2004 година во авионска несреќа кај Ротимље во близина на Мостар.

Во Скопје, во Алејата на великаните на Градските гробишта во Бутел цвеќе на гробот на Трајковски ќе положат повеќе делегации и граѓани. Цвеќе ќе биде положено и на спомен облежјето во Ротимље во БиХ.

За причините за падот на владиниот „кингер“ со кој патуваше претседателот Трајковски беа изврешени две истраги и објавени два извештаи, на две комисии со кои раководеа Салко Бегиќ и Омер Кулиќ, а во кои учествуваа и македонски експерти. И во двата извештаи како причина за падот на „кингерот“ се наведуват пилотски грешки и други индиректни системски пропусти.

Во авионска несреќа заедно со претседателот на Република Македонија Борис Трајковски загина осумчлена македонска делегација која патуваше на Меѓународна конференција во Мостар во која беа: Димка Илкова – Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Кришан – Лозановска од Кабинетот на претседателот, Миле Крстевски од Министерство за надворешни работи, Борис Велинов и Аце Божиновски, членови на обезбедувањето, и пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски.