Најпознатиот угостителски бренд во Охрид „Cuba Libre“ денеска ќе го одбележи 15-от роденден.
Успешната приказна “Cuba Libre” ја започна како мал ноќен клуб во стариот дел на Охрид во 2000 година. Во 2008 година со работа започна плажата “Cuba Libre” кое е омилено место за излегување на охриѓани и туристите. Дел од успешната приказна се и ноќниот клуб “Havana” и ресторанот во Свети Наум, кој од оваа сезона е во ново руво.
– Се обидуваме секоја година да внесеме некоја новина во однос на уредувањето на просторот, како и во однос на забавата која ја нудиме. – велат од “Cuba Libre”.
На плажата “Cuba Libre” гостувале бројни познати музички имиња од земјата и регионот, а особено препознатливи се забавите со кубанска музика.
Петнаесеттиот роденден “Cuba Libre” ќе го одбележи со настап на извонредниот кубански бенд “Cubalcanica”.
OhridNews