Петнаесет конгресмени испратија писмо до американскиот државен секретар Хилари Клинтон, од која бараат да се заложи Македонија да добие подобар третман  од САД.

Во писмото се наведува дека  Македонија е еден од најверните и доверливи партнери на САД и дека американската администрација треба да го преразгледа придонесот на нашата земја за стабилноста во јужен Балкан и во исполнувањето на целите на американската надворешна политика во Авганистан, Косово и на Блискиот Исток.

Во писмото конгресмените се осврнуваат и на спорот со името при што се истакнува дека САД мора да продолжат да ги охрабруваат нејзините пријатели Грција и Македонија да седнат заедно и да се договорат за заеднички пат кон мир, помирување и партнерство во однос на јужен Балкан. “Се надеваме дека ќе работиме со Вас во иднина со цел постигнување брзо и праведно решение за прашања како што се спорот со името за да има стабилност, просперитет и правичност за сите луѓе во регионот“, истакнуваат американските конгресмени во писмото до државниот секретар Хилари Клинтон.

Ohridnews