Во периoдот од 3 до 9 февруари во државава пријавени се 2.880 случаи на заболени од грип/заболувања слични на грип, за 5,1% помалку во споредба со претходната недела, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 6-та недела од минатата сезона е зголемен за 53,6%, а во споредба со бројот за 6-та недела од типичната епидемиска крива зголемен е за 11,4%.  Пријавената инциденца е над неделната граница на средна активност на вирусот на грип.

Во однос на возрасната дистрибуција, 1.552 лица се на возраст од 15-64 години, 685 кај деца на возраст од 5-14 години, 371 кај деца на возраст од 0-4 години и 272 се регистрирани кај лица на возраст над 65 години.

Заболените се пријавени од 28 ЦЈЗ/ПЕ. Од нив во Скопје – 692, Струмица – 333, Битола – 304, Свети Николе –158, Охрид – 141, Велес – 140, Радовиш – 122, Кавадарци – 109, Куманово – 109, а во останатите, бројот на заболени е помал од 100, се посочува во извештајот од ИЈЗ.

OhridNews