В недела во 8:30 часот на градскиот кеј (х. Денариус) свечено ќе се отвори 14-та Меѓународна регата во кајак-кану на мирни води “Охрид 2014”.
На регатата ќе учествуваат осум клубови и тоа од Бугарија (Чипилски и Бидин), Србија (Бегеј), Црна Гора (Светионик) и Македонија (Црн Дрим-Струга, Радика-Дебар, ЕХО и Стрмец-Охрид).
Организираторот на Меѓународна регата во кајак-кану клубот „Стрмец“ е најстар во Македонија и датира од далечната 1947 година.
Ohridnews