Во последните 24 часа, се регистрирани нови 333 случаи на Ковид-19 од направени  3.511 тестирања. Пријавени се вкупно 11 починати, шест во изминатотот деноноќие и пет преку системот „Мој термин“. Евидентирани се и 311 оздравени пациенти, информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Од новозаразените 333,  во Скопје има 181, Прилеп и Битола – по 25, Охрид – 14, Куманово и Струмица – по  8, Велес и Кавадарци – по 7, Кичево – 6, Кочани, Ресен, Валандово и Демир Капија – по 5, Штип – 4, Гевгелија, Неготино, Радовиш и Пробиштип – по 3, Крива Паланка, Делчево, Виница, Крушево и Македонски Брод – по 2, Тетово, Гостивар, Струга, Свети Николе, Богданци и Демир Хисар – по 1.
Регистрирани сe 311 оздравени пациенти од кои 23 од Охрид.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица: 2 починати лица од Велес (64г и 83г) и по едно починато лице од Скопје (74г), Прилеп (90г), Кичево (85г) и Радовиш (79г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 5 лица, починати во период од 22.11-20.12.2021 година. Починатите лица се од Куманово (2), Скопје (1), Битола (1) и Гостивар (1). Починатите лица се на возраст од 1г до 86г. Од пријавените, 3 лица се починати во болнички услови, а 2 лица се починати во домашни услови.

OhridNews