Во последните 24 часа во Охрид регистрирани се 14 нови случаи на Ковид-19. Ковид статистиката за последното деноноќие на ниво на држава бележи 276 нови случаи, а пријавени се 10 вкупно починати лица, пет во изминатото деноноќие и пет преку системот „Миј Термин“ и 249 оздравени пациенти, информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Во  Скопје се регистрирани 130, Битола – 35, Прилеп – 17,  Куманово – 13, Штип – 10, Кавадарци – 9, Струмица – 7,Крива Паланка – 6, Тетово – 5, Кочани, Свети Николе и Пробиштип – по 4, Велес и Ресен – по 3, Гевгелија, Неготино и Богданци – по 2, Гостивар, Кичево, Струга,Радовиш, Делчево и Македонски Брод – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 5 починати лица: 2 починати лица од Скопје (82г и 82г), по едно починато лице од Свети Николе (68г), Кратово (88г)и Демир Хисар (55г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови. Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, пријавени се 5 починати лица со датум на смрт од 21.11.2021 до 28.11.2021. Регистрираните починати лица се од Скопје (3), Прилеп (1), Кичево (1). Починатите лица се на возраст од 29 до 79 години. Две лица се починати во домашни услови и три лица во болнички услови.

OhridNews