Клубот за Бразилска Џиу Џица The Strongest & Rooots од Охрид изминатиов викенд учествуваше на државното првенство кое се одржа во Скопје. Охридските Циу Џицу мајстори освоија 14 медали од кои 5 златни 3 сребрени и 6 бронзени.
Резултати :
1. Ненад Ристевски злато во Категорија – 70 кг со кимоно и злато во Категорија – 70 кг без кимоно
2. Благоја Трајчевски злато во Категорија – 82 кг со кимоно и злато во Категорија – 82 кг без кимоно
3. Дејан Симоноски злато во Категорија +100кг со кимоно и бронза во Категорија +100кг без кимоно
4. Климе Вељаноски сребро во Категорија – 70 кг без кимоно и бронза во Категорија – 70 кг со кимоно
5. Марија Ристевска сребро во Категорија – 60 кг жени со кимоно и бронза во Категорија – 60 кг жени без кимоно
6. Алмина Тотиќ сребро во Категорија + 60 кг жени без кимоно и бронза во Категорија +60 кг жени без кимоно
7. Дејан Чолески бронза во категорија -88 кг со кимоно
8. Ивица Шулески сребро во категорија -76кг без кимоно под 18 години
9. На натпреварот уште се натпреваруваа и Владимир Трајчевски и Митко Белески кои и двајцата имаа по две победи но не успеаја да се изборат за пласман.
Тренерите на екипата Дејан Чолески и Благоја Трајчески се почестени од забележителните резултати на своите избраници.
Мх.П.