Кункурсот за подигање споменик на Свети Наум Охридски-Чудотворец, беше објавен на 19-ти мај оваа година и траеше 52 дена. Како што претходно беше објавено во критериумите, споменикот ќе биде висок 5 метри, а постаментот ќе има димензии 1,90 џх1,90 х 1,00 метри. Секоја макета на споменикот која според пропозициите, апликантите беа должни да ја достават до Одборот, има димензии од 1,30 х 0,80 метри. По пристигнатите пријави на Конкурсот, Одборот ќе се изјасни во рок од 30 дена што значи дека во тој рок ќе го избере најдоброто идејно решение според кое ќе се изработи и подигне споменикот.
Според најавите на Општината, споменикот на Свети Наум Охридски-Чудотворец кој ќе се постави во паркот кај Рибниот ресторан, свечено ќе биде откриен на верскиот празник „Свети Наум“ – зимски, односно, на 5-ти јануари 2011.година.
Вкупната вредност на проектот се проценува на 15 милиони денари. Министерството за култура за оваа намена одобри 7 милиони денари, а остатокот ќе биде обезбеден од локалната самоуправа и донатори.