Во последните 24 часа се направени 1173 тестирања, а регистрирани се 134 нови случаи на ковид-19: Скопје-97, Куманово-5, Прилеп-1, Тетово-11, Струга-3, Велес-1, Битола-1, Кавадарци-1, Крушево-2, Валандово-1, Кратово-1, Кичево-2, Ресен-7, Неготино-1.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа три лица од Скопје, пациент (68г) хоспитализиран на 6 јуни, пациентка (65г) хоспитализирана на 13 јуни и пациентка (76г) хоспитализирана на 7 јуни. Во ГОБ „8 септември“ починаа две лица од Скопје, пациент (77г) примен на 6 јуни и пациентка (77г) хоспитализирана во болницата на 10 јуни. На Клиниката за урологија почина пациент од Куманово (68г).
Во КБ Тетово починати се две лица на 13 јуни, пациент (67г) и пациентка при прием (71г). Позитивни резултати на ковид-19 на двајцата пациенти се потврдени постмортем.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 34 оздравени пациенти од: Скопје-6, Куманово-23, Прилеп-2, Тетово-1, Велес-2.
Досега во земјата се направени вкупно 45.054 тестирање на ковид -19. Од направените тестирања во изминатото деноноќие 95 се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Охрид, не се регистрирани позитивни резултати на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4289, бројката на оздравени пациенти е 1757, на починати е 201, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2331, информираше Министерството за Здравство.
OhridNews