Викендов се применува мерката за ограничување на движењето кое започнува секој ден во 14 часот и трае до 05 часот наредниот ден. Граѓаните се одговорни, совесни и свесни. Генералната констатација е дека тие ги почитуваат мерките за ограничување на движењето, информира министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Во текот на изминатото деноноќие констатирано е дека По однос на забраната за движење на ниво на целата држава 130 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 98 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

На територијата на државата, според евидентираните податоци, на 27 лица им се издадени решенија за изолација, а 37 лица потпишале изјави за самоизолација. Во државен карантин се спроведени 120 лица, соопшти полицијата.

OhridNews