Големата истрага за договорени натпревари во тенисот продолжува, а истражувањата на германските новински агенции ЗДФ и ВЕЛТ покажуваат дека замешан е еден германски играч и тенисер кој е високо рангиран на АТП листата.
Како што наведуваат агенциите, истрага моментално се води против германскиот тенисер чие име се уште се држи во тајност. Во најновиот случај кој се води под името „Единство“ вмешани се вкупно 130 тенисери.
Во случајов се работи за мрежа во тенисот која доаѓа од Ерменија. Мрежата има дузина тенисери под закрила и интелигетно ги контролира работите. Ерменската мафија има одговорни луѓе за разговор и воспоставување контакт со тенисерите и за перење пари. – изјави заменикот јавен обвинител во Белгија, Ерик Бископ.
Местењето натпревари моментално е противник број eден на. „Белиот спорт“. Разврска за случајот „Единство“ треба да има во следниве месеци.
OhridNews