Најмалку 13 лица загинаа, а шест се повредени во пожар кој избувнал за време на прославаta на роденден во кафуле во градот Руан на северот од Франција.


Сите 13 жртви се на возраст од 18 и 25 години, а меѓу шестмината повредени е и девојка која се уште се бори за живот.

Пламенот го предизвикале свеќичките од роденденската торта, коишто го запалиле полистиренскиот плафон на подрумот во кој е организирана прославата.

Жртвите настрадале од вдишување на токсични гасови, настанати од мешавината на пластичните материјали во пламенот, соопшти полицијата.


Полициски извори потврдиле дека не се случила никаква експлозија, како и дека причина за пожарот биле роденденските свеќи.

Градоначалникот на Руан, Иван Кордиер изјави дека пожарот во кафе барот Куба Либре избувнал сосема случајно.

Францускиот министер за внатрешни работи, Бернар Казнев во соопштение наведува дека во пожарот загинале 13 лица, а шест се повредени , а во гаснењето на пожарот учествувале 50 пожарникари

Ова е најсмртоносен пожар, по пожарот во станбена зграда во Париз, во 2005 година кога загинаа 18 лица.

„Макфакс“
OhridNews