Во последната анкета, специјална за корона-кризата, што ја објави комората на германските инвеститори во Македонија направена во јули, најмногу проблеми на компаниите им предизвикуваат недоволните субвенции од страна на државата. До ваков заклучок дошле 13 од 18 испрашани германски инвеститори во испитувањето што го спроведе AHK World Business Outlook, а го поддржа Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија, пренесува „Фактор“.
Ниту една компанија од репрезентативните не планира да го зголеми бројот на вработувања оваа година, односно дури 44,4 отсто од нив рекле дека бројот на работници во тие компании ќе се намали, а половина не планираат промени во врска со бројот на вработени.
Инвеститорите, покрај недоволната државна помош, во голем дел се пожалиле и на државниот долг, којшто е во пораст и на политичките услови. Исто така, за 55,6 отсто од компаниите загрижувачко е прашањето во поглед на предизвиците со коишто се соочува здравствениот систем, како и недостатокот на странски инвестиции (50 проценти).
Дури 83,4 од анкетираните германски компании очекуваат намалување на нивниот промет во Македонија, пренесува порталот „Фактор“.
OhridNews
Извор: „Фактор“