Посетителите и учесниците ќе имаат можност да се запознаат или да ги научат техниките и опремата за прва помош, а во рамките на одбележувањето ќе биде организиран и награден квиз.
Во духот на волонтерството и солидарноста, Црвениот крст денеска од 10 до 17ч. ќе организира и крводарителска акција, а за најсреќниот крводарител , спортската обложувалница “Премиер” обезбеди и вредна награда.
Од оваа најголема хуманитарна организација потсетуваат дека субјектите, фирмите и институциите се должни да организираат и да обезбедат давање прва помош на вработените во случај на повреда при работа или ненадејна болест, согласно Законот за безбедност и здравје при работа.
Црвениот крст -Охрид е организација која долги години се занимава и ја обработува проблематиката на првата помош. Во неа се вклучени професионално обучени и лиценцирани инструктори кои работаат според програма компатибилна со светските стандарди во оваа област.