Изминатово деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 45 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-13, Струга-18, Кичево-12, Дебар-02), информираат од СВР Охрид
На прекшителите им се издадени платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19.
Воедно, полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле 88 контроли во угостителски и други објекти (Охрид-28, Струга-09, Кичево-3, Дебар-17). Во времето од 22 до 05 часот, за време на полицискиот час, во Кичево регистрирано е едно непочитување на забраната за движење односно на ограничувањето на движење од 22 до 05 часот, со цел спречување на ширењето на вирусот Ковид 19.
OhridNews