Во последните 24 часа се направени 1653 тестирања, а регистрирани се 118 нови случаи на ковид-19 од кои 3 во Охрид и 1 во Струга. И денеска најмногу нови случаи има во Скопје 55.
Починати се тројца пациенти од Тетово (64г), Штип (82г) и Струга (74г).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 127 оздравени пациенти, 13 во Охрид и 37 во Струга.
Досега во земјата се направени вкупно 132493 тестирања на ковид -19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13194, бројката на оздравени пациенти е 9752, на починати е 554, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2888.
OhridNews