Елизабет Робинсон е 13 годишна девојка, а нејзините години не ја запреле да го украде автомобилот на својот постар брат и да тргне на пат долг 1300 километри како би го видела 12 годишното момче со кое се запознала на интернет.

Минатиот четврток таа заклучиле дека нејзиниот “Online” пријател сака да го види и запознае во живо, па ја украла дебитната картичка од нејзината мајка и клучевите од автомобилот на својот брат и тргнала на долгиот пат.
Иако го поминала целиот пат и стигнала само неколку километри до градот каде што живеел нејзиниот пријател таа не успеала да ја реализира својата замисла бидејќи била пресретната од полицијата која трагала по неа.
По инцидентот девојчето било однесено во полициската станица каде била задржана се додека не се појавиле нејзините родители кои иако биле лути одлучиле да и ја исполнат желбата, па ја однеле до куќата на нејзиниот пријател.