Во последните 24 часа се направени 1025 тестирања, а регистрирани се 128 нови случаи на ковид-19. Во Охрид  денеска нема нови случаи.

Починати се 6 лица, четири пациенти од Скопје, еден пациент од Кичево и еден од Струга.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 137 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 96194 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10213, бројката на оздравени пациенти е 5564, на починати е 466, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4183.

OhridNews