Нови 127 заразени со КОВИД-19 од 1766 тестирања, оздравени 261 пациент и шест починати се регистрирани во изминатите 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Дополнително се евидентирани и четири починати пациенти преку „Мој термин“ во периодот од 22 ноември до 18 декември 2021.

Од вкупниот број новозаразени, во Скопје се 90, Охрид – девет, Битола и Штип по шест, Кавадарци – четири, Струмица – тројца, Прилеп, Ресен и Виница по двајца и по еден нов случај е регистриран во Куманово, Кичево и Струга.

Во изминатите 24 часа починале шест лица: двајца од Скопје (74г и 85г) и по едно починато лице од Кавадарци (78г), Кичево (84г), Неготино (71г) и Штип (63г). Сите починале во болнички услови.

Четворицата починати согласно со Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој термин“, (помеѓу 22 ноември и 18 декември 2021) се на возраст од 48 до 75 години и сите починале во болница. Двајца од нив се од Тетово и по еден од Гостивар и Струга.

OhridNews