Изготвени биле вкупно 1245 записници за констатирани прекршувања на законските одредби од Законот за превоз во патниот сообраќај и Законот за јавни патишта, донесени се 532 решенија кои се во управна постапка, поднесени се 729 барања за поведување прекршочна постапка до надлежните судови, а од сообраќај се исклучени 91 возило кои извршувале недозволен меѓуопштински линиски превоз на патници.
При овие инспекциски контроли, во координација со Министерството за внатрешни работи, констатирано е неплаќање на надоместокот за користење на автопат кај вкупно 273 возила. На прекршителите им е изречена глоба во износ од 200 евра во денарска противвредност во согласност со Законот за јавни патишта, која треба да се плати во рок од 8 денови, а во спротивно се поднесува барање за поведување на прекршочна постапка. Спроведените контроли за плаќање на надоместокот за користење на автопат во овој период се на локации во близина на наплатните станици за патен надоместок за користење на автопат во Република Македонија.