Во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19, од кои 7 во Охрид, соопшти Министерството за здравство. Најмногу новодијагностицирани има во Скопје 64, по што следат: Куманово 4, Дебар 4, Штип 2, Прилеп 2, Тетово 14, Струга 5, Битола 3, Охрид 7, Гостивар 2, Македонски Брод 1, Свети Николе 2, Кичево 5 и Ресен 5.
Во ГОБ „8 септември“ починати се 4 лица од Скопје на возраст од 51, 56, 58 и 67 години, информира Министерството за здравство.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени пациенти од: Скопје 17, Куманово 92, Штип 2, Прилеп 1, Тетово 4, Велес 1, Кичево 1 и Ресен 5.
Досега во земјата се направени вкупно 61.727 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6454, бројката на оздравени пациенти е 2598, на починати е 306, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3550.
OhridNews