Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на МВР, за периодот (11/12.04.), по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 138 лица не ја почитувале забраната за движење, при што се приведени 121 лице, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
Според статистичките податоци на 77 лица им се издадени решенија за изолација, а 335 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката.
OhridNews