Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 953 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-67, Куманово-19, Штип-16, Прилеп-4, Тетово-9, Велес-2, Гостивар-1, Неготино-1, Струмица-1.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 65 годишна пациентка, примена на 28 мај, во ГОБ „8 септември“ почина пациент на возраст од 69 години, хоспитализиран на 1 јуни.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти, и тоа: Скопје-8, Штип-3, Прилеп-2, Тетово-1, Велес-1 и Битола-1.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2611, бројката на оздравени пациенти е 1621, на починати е 147, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 843.
Досега во земјата се направени вкупно 33114 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 2 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип, нема позитивен резултат на ковид.
OhridNews