Во периодот од 11 до 17 јули, Центарот за јаво здравје Охрид извршил 282 тестирања, во општина Охрид и Дебрца на 149 лица, во општина Струга и Вевчани на 64 лица, а во општина Дебар и Центар Жупа на 69 лицa.

Од тестираните лица во овој период лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај 12 лица од општина Охрид, кај 50 лица од општина Струга и кај 37 лица од општина Дебар. Активни случаи во Охрид се 120, во Струга 149, а во Дебар 110. Во овој период оздравени се 27 лица од Охрид, 6 лица од Струга и 1 лице од Дебар.  Починати се 1 лице од општина Охрид и 5 лица од општина Струга. – информира Центарот за јавно здравје.

Состојба со Ковид 19 во регионот оваа седмица

Од почетокот на епидемијата до 17 јули лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 на вкупно 656 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои на 231 лица во општина Охрид и Дебрца, 350 лице во општина Струга и Вевчани и 174 лица во општина Дебар и Центар Жупа. Оздравени пациенти од Охрид се 113, од Струга се 157, а од Дебар и Центар Жупа се 61 пациенти. Во општина Охрид има 7 починати пациенти, од општина Струга се починати 39, а од Дебар и Центар Жупа се починати 5 лица.

Епидемијата од коронавирусот сеуште трае. Коронавирусот сеуште циркулира меѓу нас. Затоа апелираме на претпазливост, одговорност и разум во однесувањето. Неопходно е да бидеме трпеливи и да ги почитуваме мерките и препораките од надлежните установи за правилна употреба на заштитна маска, социјално и физичко дистанцирање, често миење/дезинфицирање на рацете, избегнување на било какви собири и групирање. – потсетува Центарот за јавно здравје Охрид.

Г.М.