На ден пред големото финале организаторите на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2019“ го соопштија наградниот фонд кој изнесува 120 000 денари.
60 000 денари од наградниот фонд ќе му припаднат на победникот на турнирот, додека второпласираниот ќе добие 30 000 денари. Освојувачот на бронзениот медал ќе добие 10 000 денари a четвртопласираниот 3 000 денари. Индивидуални награди има за најдобриот играч и најдобриот голман.
Завршните натпревари од 16-то издание на програмата се утре со почеток во 21 часот. Возбудувањата ќе ги најават екипите на Сатеска – Мате Маркет во мечот за третото место, а силите во финалето ќе ги одмерат АСП Пак – Хотел Престол.
OhridNews
Фото: АСП Пак – Хотел Престол во финалето на турнирот „Велгошти 2019“