12 загинати и 24 повредени лица е епилогот од годинашниот Бостонски маратон, откако две бомби ескплодирале на финиш линијата, јавува Њујорк Пост.
Според америчките медиуми, ангажирани се сите полициски службеници во Бостон, а откриени се уште неколку експлозивни направи.
Сведоците на немилиот настан, велат дека се се случило во неколку секунди, а местото на настанот било исполнето со бел чад.
Инаку, на настанот под мотот „26 милји за 26 жртви“ учествувале повеќе од 1000 маратонци, додека гости во ВИП-шаторот близу целната линија биле роднини на жртвите од масакрот во основното училиште Сенди Хук.
OhridNews
фото: „krone.at“