Во последните 24 часа регистрирани се 327 нови случаи на КОВИД-19. Оздравени се 325, а починале 12 лица, информираше Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Од новите случаи во Скопје се 159, Кавадарци 25, Прилеп 24, Битола 17, Гевгелија 13, Охрид 12, Куманово 9, Свети Николе 8, Штип 7, Тетово, Велес, Крива Паланка и Валандово по 5, Кичево и Ресен по 4, Струмица, Кочани, Неготино и Крушево по 3, Радовиш, Богданци и Демир Хисар по 2, Гостивар, Струга, Делчево, Виница, Пробиштип, Кратово и Македонски Брод по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица, 6 починати лица од Скопје (57г, 64г, 72г, 76г, 85г и 86г), две починати лица од Прилеп (40г и 82г) и по едно починато лице од Битола (67г), Кавадарци (73г), Кочани (72г) и Македонски Брод (70г). Од пријавените, сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 лица, починати во период од 27.11-15.12.2021 година. Починатите лица се од Скопје (2), Кочани (1) и Свети Николе (1). Починатите лица се на возраст од 57г до 88г. Од пријавените починати лица, едно лице е починато во домашни услови, а 3 лица се починати во болнички услови.

OhridNews