Во текот на минатата недела од 7 до 13 октомври тестирани се вкупно 198 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Регистрирани сe 12 нови позитивни случаи, со намалување од 40,0% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 0,0% до 13,2%, просечно 4,3%.
Во тековната недела, регистрирани се заболени лица во општините од 3 градови. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=10; 83,3%), a највисока инциденца е регистрирана во Охрид (1,8/100.000), посочуваат во извештајот од Институтот за јавно здравје.
Додаваат дека регистрирани се заболени лица во возрасни групи над 30 години, со најголем број на случаи пријавени во возрасната група над 60 години.
Во текот на минатата недела (07-13.10.2024) со статус „оздравени“ се стекнале 24 лица и не е пријавено починато лице асоцирано со Ковид 19.
OhridNews