Во Македонија над 18.000 деца не се вклучени во системот на образование, а најмалку 1.000 деца го поминуваат своето детство на улица.
Околу 30 отсто од децата на улица, се деца без родители. Децата на улица во Република Македонија ги има од сите возрасти и националности, но најмногубројни – 58 отсто, се Роми.
Првата детска амбасада Меѓаши укажува и дека 15,5 отсто од децата на улица се од предучилишна возраст, 64 отсто на возраст од 7 до 14 години, 88,5 отсто манифестираат социјално неприфатливо однесување, а 11,5 отсто имаат толерантно социјално однесување.
Од Детската амбасада Меѓаши напоменуваат дека злоупотреба на детскиот труд не значи само физичка работа, туку и комерцијална сексуална злоупотреба, детска проституција и порнографија, трговија со деца, деца војници.
Во светот има приближно 246 милиони деца, на возраст од 5 до 17 години, чиј труд се злоупотребува.