Британецот Хери Вилшер ќе ги дегустира тајните рецепти на слатки бидејќи победил на натпреварот за работа на една фабрика за слатки. Станал нивни главен дегустатор. Кога ја добил работата го прошетале низ фабриката.
Тој судиите ги воодушевил со описот на неговото омилено лижавче. Добил работничко одело и му направиле визиткартички. Вели дека тоа била работа од соништата и се надева дека ќе ја работи секогаш. Ќе пробува нови слатки секои три месеци, но за нив не смее да зборува наоколу. Неговиот татко признава дека е малку љубоморен на работата на синот.