Деновиве се навршуваат 12 години од смртта на познатиот охридски медиумски работник Петар Алексоски (1971 -2013).
Смртта го затекна на позицијата директор на техника во телевизија ТВМ.
Перчо, како што го викаа колегите, замина прерано. Не напушти во годините кога го достигнуваше зенитот во професијата. Во фелата ќе остане запаметен по професионализмот, неизмерната добрина и препознатливата насмевка со која на сите ни ги разубавуваше моментите минати заедно.
Таков ќе остане во нашите сеќавања.
Г. Момироски