Во последните 24 часа направени се 7.483 тестирања, а регистрирани се 1.197 нови случаи на КОВИД-19. Од нив во Скопје – 766,  во Битола – 94, Прилеп – 56,Кавадарци – 38, Велес – 31, Охрид – 24, Гевгелија – 23, Куманово – 18, Ресен – 16, Тетово – 15, Штип и Струмица – по 12, Кочани – 11, Кичево, Неготино, Крива Паланка и Радовиш – по 10, Делчево и Валандово – по 7, Струга и Богданци – по 5, Гостивар и Свети Николе – по 4, Македонски Брод – 3, Берово, Пробиштип, Демир Хисар, Крушево, Демир Капија и Дојран – по 1.

Регистриран e 331 оздравен пациент од кои од Охрид – 13.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица по 3 починати лица од Скопје (55г, 82г и 88г) и Битола (60г, 69г и 90г), 2 лица од Охрид (68г и 79г) и по едно починато лице од Прилеп (68г), Велес (68г), Валандово (41г) и Струга (88г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 3 лица, по едно лице од Скопје (72г), Валандово (85г) и Гевгелија (82г). Од пријавените лица, две се починати во болнички, а едно лице во домашни услови. Починатите лица се пријавени со дата на смрт од 23.12.2021 до 02.01.2022г.

OhridNews