Нови 119 случаи на КОВИД-19 се регистрирани во последните 24 часа од направени 2.324 тестирања, информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Оздравеле 257 пациенти, а починале три лица.

Од новозаразените 119 случаи, 87 се од Скопје, седум од Битола, шест од Кавадарци, Куманово – четири, Прилеп – три, Свети Николе и Македонски Брод – по два, Охрид, Штип , Струмица, Кочани, Струга, Ресен, Демир Хисар и Демир Капија – по еден.
Оздравени пациенти се регистрирани во Скопје – 117, Битола – 21, Охрид – 19, Прилеп – 17, Куманово – 13, Кавадарци – 11, Валандово – 10, Струмица – осум, Штип – шест, Ресен – пет, Гевгелија, Крива Паланка и Делчево – по четири, Кочани, Виница и Пробиштип – по три, Македонски Брод, Велес и Кратово – по два, Струга, Кичево и Неготино – по еден.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се три починати лица: по едно починато лице од Скопје (71г), Струмица (82г) и Битола (49г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.576.424 тестирања на КОВИД-19.

 

OhridNews