Во германската финансиска престолнина Франкфурт со помош на експлозив со земја бил срамнет еден, 116 метри висок, солитер, чие рушење во облак од чад го посматрале дури 30 илјади лица. Таа зграда, седиште на еден инверзитет, била изградена во 1972 година, а уништена утрово со помош на 950 килограми експлозив, јавиле агенциите.

Унвиерзитетот минатата година бил преселен во нов комплекс. облакодерот првобитно требало да биде срушен постепено, но властите одлучиле да го разнесат со експлозив, бидејќи жителите на околните згради се бунеле дека работата на рушењето е прегласна и дека предолго траела. Пред акцијата за рушењето, околу облакодерот бил ограден простор од 250 метри, а затворени биле и некои околни улици. На тоа место ќе бидат изградени две нови згради.