Македонија наскоро ќе го воведе единствениот европски број за итни повици 112, како замена за досегашниот 195 кој сеуште е во функција.

Овој систем ќе ги користи можностите на информатичко-телекомуникациските системи, ГИС-системот, како и системот за управување со итни настани заснован на стандардни оперативни постапки.

Владата на Република Македонија неодамна усвои информација за начинот на користење и времето на спроведување на единствениот европски број за итни повици Е-112 и усвои заклучоци врз основа на кои се формира тим за концептуално дефинирање на Е-112 во Република Македонија.        

Имплементацијата на Е-112 е обврска на Република Македонија која произлегува од Директивата за универзална услуга и правата на корисниците во врска со електронски комуникациски мрежи и услуги (2002/22/ЕЦ), со која земјите членки на ЕУ се обврзани да го имплементираат единствениот европски број за итни повици Е-112.

Ohridnews