На денешен ден во 1912 година британскиот патнички пароброд „Титаник“ на своето прво патување преку Атлантикот кон Њујорк, удрил во санта мраз во Северниот Атлантик и потонал следното утро при што загинале 1503 луѓе.
Бродот „Титаник” на британската компанија „Вајт стар Лејн”, бил вториот од три брода близнаци до типот „Олимпик”. Тој бил најголемиот и најлуксузен патнички брод на светот во времето на неговата изградба. Во текот на својата прва пловидба од британскиот пристанишен град Саутемптон до Њујорк, САД, на 14-ти април 1912 година, „Титаник” се судри со санта мраз и потонал за 2 часа и 40 минути во 2.20 часот. Според различни извештаи, во несреќата животите ги загубиле меѓу 1.400 и 1.517 луѓе, а околу 507 биле спасени, од вкупно 2.208 патници и членови на екипажот.
OhridNews
Фото: Илустрација Фрипик