На денешен ден во Охрид е роден Иван Точко, истакнат современ македонски писател и новинар. Учесник бил во НОВ на Македонија. Работеел како новинар во „Нова Македонија“, во Радио Скопје, а бил и уредник на списанието „Македонија“.

Првите прозни обиди ги има во далечната 1933 година со расказот „Нашиот поет“, продолжувајќи поизразито во виорните години на НОБ.  Во повоениот период на штотуку ослободената татковина, се истакнува како зрел пистал подготвен да придонесе за македонската литература.

Автор е на збирките раскази „Бојана“, „Акорди“, „Прстен“, „Раскази“, „Лебедова песна“, „Премиера“, како и на новелите „Вино за душите“ и „Грев“. Последно негово објавено дело е драмата во осум сцени „Плуто“.

Во текот на целиот свој живот, Точко е под силно влијание на неговиот роден Охрид, раскажувајќи за различните ситуации во кои може да се најде човекот. Во неговите новели и минијатури, сугерира за храброста, истовремено потенцирајќи ја одбивноста кон омразата. Драмските текстови објавени под заднички наслов „Охридска трилогија“, остануваат да сведочат за неговата уметничка природа.

Преку внесување на фолклорни елементи во своите раскази, охридскиот писател Иван Точко, ги оживува легендите. Традиционалните мотиви се опфатени во расказите „Бојана“, „Кавалот“ и „Мајсторот“, прикажувајќи ја немоќта на „даскалите“ да се адаптираат кон бедните услови  во тоа време. Значаен е и неговиот придонес во новинарството, публицистиката и детската литература.

Умрел во Скопје, на 12 ноември 1973 година.

OhridNews