Во последните 24 часа се направени 1524 тестирања, а регистрирани се 404 нови случаи на ковид-19, од кои 11 во Охрид, информира Министерството за здравство. Најмногу случаи и денеска има во главниот град 172, по кој следуваат Тетово 41, Струмица 29, Прилеп 25, Гостивар 20, Кочани 18, Струга 4…
Починати се 14 лица, пациенти од Прилеп (77г), Куманово (76 и 66г), Крива Паланка (65г), Скопје (80г), Гевгелија (51г), Кочани (83г), Струга (66г), Битола (68г), Ресен (52 и 83г), Виница (67г), Берово (67г), Тетово (59г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 182 оздравени пациенти, 1 од Охрид.
Досега во земјата се направени вкупно 233.137 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 26394, бројката на оздравени пациенти е 18430, на починати е 897, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 7067.
OhridNews